Пораките на лидерите по повод 23-ти април

Ердоган во пораката рече дека ќе работат и ќе се ангажираат за подобар живот, поголемо спокојство и благодет како и посветла и посилна иднина

246678
Пораките на лидерите по повод 23-ти април

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган објави порака по повод 23-ти април, Празникот на националниот суверенитет и Фестивал на детето.

Ердоган во пораката рече дека искрено им ја честита 95-та годишнина од формирањето на Големото национално собрание на сите граѓани на Турција како и Празникот на националниот суверенитет и Фестивал на детето на сите деца во Турција и светот.

Претседателот Ердоган во пораката рече дека на специјалниот фестивал кој им беше подарен на децата, ќе работат и ќе се ангажираат за подобар живот, поголемо спокојство и благодет како и посветла и посилна иднина.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек во пораката упати повик за единство.

Чичек во пораката потенцираше дека значењето на денешниот ден, многу добро треба да им се објасни на новите генерации.

Премиерот Ахмет Давутоглу во пораката рече дека денешниот ден кога се отвори Собранието, е ден кога народот ја сподели заедничката решителност и желба за револуцијата и надеж за посветла иднина. Целиот народ, без оглед на тоа дали беа млади, возрасни, жени, мажи, рамо до рамо водеше беспоштедна борба против непријателот кој беше се насочил протув нашата слобода и независност.


Тагови:

Слични вести