На 24 април во Чанаккале ќе говориме за светскиот мир

Доколку и Ерменија има свои архиви и тие нека ги отворат

247090
На 24 април во Чанаккале ќе говориме за светскиот мир

Претседателот Ердоган рече дека на 24 април во Чанаккале ќе говориме за светскиот мир.

Во рамките на манифестацијата што ќе се одржи по повод свеченото одбележување на 100 годишнината од Битката на Чанаккале, ќе учествуваат околу 100 претседатели, премиери, министри, амбасадори.

Претседателот Ердоган рече дека на 24-ти април на дневниот ред на Турција ќе се најде светскиот мир и целиот свет ќе има можност тоа да го види.

Истиот ден на дневниот ред на Ерменија очекуваме да се најдат неоснованите тврдења и клевети, рече претседателот Ердоган и потсети дека Турција неколку пати ја изрази спремноста за отворање на државните архиви о врска со немилите случувања во 1915 година.

Ердоган во повикот до Ерменија апелираше: Доколку и Ерменија има свои архиви и тие нека ги отворат.

Во освртот на изјавата на американскиот претседател Барак Обама во врска со случувањата во 1915 година, претседателот Ердоган потенцираше дека не очекува некоја неповолна изјава: Местото на Турција во рамките на САД е јасно. Со години на средбите со претседателот Обама повремено разговаравме и за оваа тема, рече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести