Ние немаме проблем со нашите браќа Ерменци

Турција досега неколку пати и подаде рака на Ерменија, ја покажа својата добра намера но без успех

241429
Ние немаме проблем со нашите браќа Ерменци

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека целта на Европскиот парламент не е одбрана на правата на Ерменците.

Под изговор одбележување на 100 годишнината од прогонот на Ерменците Европскиот парламент повторно и уште пожестоко ја напаѓа Турција, ја оцрнува како турската држава така и турскиот народ. На Европскиот парламент се придружи и Папата Франциск,на кому веднаш адекватно му одговоривме.

За нас одлуката на Европскиот парламент во врска со трагичните настани во 1915 година нема апсолутно било какво значење. Таа одлука е донесена под влијание и притисок на силното ерменско лоби. Гледањето на проблемот само од политички аспект ќе им наштети на самите Ерменци, додаде претседателот Ердоган.

Ердоган во продолжение рече: во Турција живеат околу 40 000 граѓани од ерменско потекло. Меѓу нив има и Ерменци кои ја напуштиле сопствената татковина и се засолнале во Турција. Ние ги примивме и ги сместивме. Ако Европа не го гледа тоа таа е навистина несовесна. Ние немаме проблем со нашите браќа Ерменци. Проблемот го предизвикува ерменската дијаспора.

Турција досега неколку пати и подаде рака на Ерменија, ја покажа својата добра намера, но бидејќи Ерменија не може да се ослободи од влијанието на дијаспората и од другите држави сите наши добронамерни гестови се покажаа како неуспешни, додаде претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести