Ердоган одликуван со титулата почесен доктор на универзитет

Продолжува посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Казахстан

239870
Ердоган одликуван со титулата почесен доктор на универзитет

По официјалите контакти во главниот град Астана претседателот Ердоган во придружба на својот домаќин претседателот Нурсултан Назарбаев отпатува за градот Туркестан. Во Туркестан претседателите Назарбаев и Ердоган го посетија турбето на Ахмет Јесеви.

После посетата на турбето на Ахмет Јесеви Ердоган и Назарбаев на свечен начин ја пуштија во употреба новата џамија изградена од страна на Државниот секретаријат за верски прашања на Турција.

Претседателот Ердоган учествуваше на свеченоста на универзитетот Ахмет Јесеви каде му беше доделена титулата почесен доктор на универзитетот.

Вечерва после свечената вечера приредена од страна на претседателот Нурсултан Назарваев претседателот Ердоган со сопругата Емине Ердоган и бројната државна делегација ќе се врати во земјава.


Тагови:

Слични вести