Папата е под влијание на лобистичка пропаганда

реагираше министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на зборовите на Папата кој трагичните настани во 1915 година ги нарече геноцид

235749
Папата е под влијание на лобистичка пропаганда

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во својата реакција на говорот на Папата Франциск во врска со случувањата во 1915 година рече дека за овие настани ме постои ниту една судска одлука или резолуција на ОН.

Сепак и покрај тоа Папата за една колективна трагедија го употреби зборот геноцид.

Го поставувам прашањето зошто не се реагира на убиството на стотици Азербејџанци од страна на Ерменците во Хоџали? Кога веќе ќе се потсетуваме на трагедиите зошто не се потсетуваме и на оваа трагедија? За масакрот во Руанда постои резолуција на ОН, но и покрај тоа за овој масакр не се вели дека бил геноцид.
Министерот Чавушоглу констатира дека за жал Папата дава контрадикторни изјави, шири верски национализам и очигледно дека е под влијание на лобистичка пропаганда, што негативно се одразува на институцијата на Папството и на респектот кон неговата личност.

Министерот Чавушоглу на крајот додаде дека зборовите на Папата се тотално неважечки за Турција.


Тагови:

Слични вести