Зборовите на Папата немаат никакво значење за Турција и за турск

Со овие зборови реагираше премиерот Ахмет Давутоглу на изјавата на Папата Франциск по повод одбележувањето на 100 годишнината од случувањата во 1915 година

234520
Зборовите на Папата немаат никакво значење за Турција и за турск

Давутоглу додаде дека изјавата на Папата временско е крајно погрешна,недоследна о погрешна. Прва задача на свештениците е да повикаат на слога,братство и единство меѓу верниците. Да не беа надворешните фактори, најверојатно немаше да се доживеат маките и страдањата во 1915 година, додаде премиерот Давутоглу.

Во меѓувреме во министерството за надворешни работи на Турција беше повикан амбасадорот на Ватикан Антонио Луцибело. После информативниот разговор со амбасадорот Луцибело, министерството издаде официјално соопштение во кое се подвлекува дека зборовите на Папата Франциск немаат апсолутно било какво значење за Турција и за турскиот народ. Папата очигледно дека има двоен стандард кога се во прашање маките и страдањата на луѓето ширум светот. Геноцидот во Босна и Херцеговина и Руанда го нарече масовно убиство иако за нив постои потврдена судска пресуда .

Реагираше и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој рече дека неприфатлива е изјавата на Папата и дека свештеничките канцеларии не треба да бидат места од каде што се шири верска омраза.

Вчера во доцните вечерни часови на консултативен разговор во Анкара беше повикан амбасадорот на Република Турција во Ватикан Мехмет Пачаџи.


Тагови:

Слични вести