Ердоган и Шериф разговараа за ситуацијата во Јемен

Ситуацијата во Јемен секојдневно се влошува така да под итно треба да се преземат мировни иницијативи за спречување на воениот конфликт во земјата

234011
Ердоган и Шериф разговараа за ситуацијата во Јемен

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со премиерот на Пакистан Наваз Шериф, соопшти кабинетот на премиерот Шериф во Исламабад.

Истиот извор додава дека Ердоган и Шериф размениле мислења за актуелната ситуација на Блискиот исток, со посебен акцент на ситуацијата во Јемен. Ердоган и Шериф констатирале дека ситуацијата во Јемен секојдневно се влошува така да под итно треба да се преземат мировни иницијативи за спречување на воениот конфликт во земјата.

Ердоган и Шериф исто така констатирале дека Хусите немаат право да ја соборат легитимната власт во Јемен и дека доколку се доведе во опасност територијалниот интегритет на Саудиска Арабија жестоко и со заеднички сили ќе биде одговорено.


Тагови:

Слични вести