Постои итна потреба за заедничко делување

Јемен ќе треба да контактира со Саудиска Арабија и со останатите регионални земји, а потоа откога ќе се конкретизираат одредени механизми ќе следи периодот на реализација на планот за тоа

230482
Постои итна потреба за заедничко делување

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја заокружи еднодневната посета на Иран и во вечерните часови се врати во земјата.

Претседателите Ердоган и Рохани разменија мислења за низа актуелни билатерални, регионални и меѓународни прашања со посебен акцент на ситуациите во Ирак, Сирија и во Јемен.

Претседателот Ердоган во разговорот со својот домаќин претседателот Хасан Рохани рече дека неприфатливо е секојдневното крвопролевање во соседните земји. Време е за заедничка акција и договор.

Претседателот Рохани вниманието го сврти кон судирите во последно време во Јемен и рече дека ставот на Техеран е што поскоро да се постигне прекин на огнот во оваа земја.

Претседателите Ердоган и Рохани констатираа дека постои итна потреба за заедничко делување заради воспоставување на мир и стабилност во Јемен. Според тоа Јемен ќе треба да контактира со Саудиска Арабија и со останатите регионални земји, а потоа откога ќе се конкретизираат одредени механизми ќе следи периодот на реализација на планот за тоа.

На состанокот на Советот за соработка на највисоко ниво меѓу Турција и Иран со кој претседаваа претседателите Ердоган и Рохани беа потпишани 8 договори за соработка и еден записник. Претседателот Ердоган предложи обемот на трговската размена меѓу Турција и Иран да се зголеми на 30 милијарди долари, воедно и во трговската размена да се користат домашните валути наместо доларот.

Во вечерните часови претседателот Ердоган се состана со верскиот поглавар Алјатолахот Сејид Али Хаманеј со кого се задржа во кус разговор.


Тагови:

Слични вести