Уапсен нарачателот на убиството на јавниот обвинител Кираз

Терористот бил уапсен од страна на групата за антитероризам Дигос во Местре во Италија

228794
Уапсен нарачателот на убиството на јавниот обвинител Кираз

Во Италија уапсен нарачателот на убиството на јавниот обвинител Кираз

Терористот бил уапсен од страна на групата за антитероризам Дигос во Местре во Италија.

Уапсениот терорист бил еден од нарачателите на убиството на јавниот обвинител на Истанбул Мехмет Селим Кираз.

Се очекува деновиве уапсениот терорист да се појави пред суд.

Интерпол 2 години беше во потрага по терористот за кој што се знае дека бил еден од челниците на терористичката организација ДХКП-Џ која го изведе нападот на јавниот обвинител Кираз и кој од 1994 година учествувал во разни терористички активности во Турција.

45 годишниот терорист бил уапсен во моментот кога со семејството бил на одмор во Италија. Полицијата кај него пронашла австриски пасош.


Тагови:

Слични вести