Јавниот обвинител на Истанбул подлегна на смртоносните рани

Заложничката криза во судската палата во Истанбул беше решена со молскавична акција на екипите за анетитероризам и специјалните полициски единици

290437
Јавниот обвинител на Истанбул подлегна на смртоносните рани

За жал јавниот обвинител на Истанбул Мехмет Селим Кираз кој падна како заложник во рацете на двајца припадници на нелегална организација им подлегна на смртоносните рани во болницата .

Двајцата терористи беа убиени во полициската акција на специјалците.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој престојува во официјална посета на Романија постојано беше информиран за заложничката криза во судската палата. Премиерот Ахмет Давутоглу го информирал претседателот Ердоган дека јавниот обвинител Кираз со три куршума бил погоден во главата и два во телото. Ердоган по повод заложничката криза изјави дека инцидентот заслужува подетална анализа. Претседателот Ердоган додаде дека специјалците стапиле во акција откога од канцеларијата на јавниот обвинител Кираз се слушнале истрели од оружје.

Премиерот Давутоглу јавноста ја извести за деталите околу заложничката криза и операцијата на специјалците, која заврши со трагичното загинување на јавниот обвинител Кираз. Нападот на јавниот обвинител Кираз, рече премиерот Давутоглу истовремено е напад и на судството, демократијата и на сите граѓани на Турција. Премиерот апелира на смиреност и на единство во случај на нови слични напади. Давутоглу ги соопшти имињата на терористите кои ја изведоа акцијата и рече дека во судската палата влегле наметнати со наметки на јавните обвинители. Во текот на 6’те часа колку што траеше заложничката криза биле разгледани сите можни решенија, дека постојано се контактирало со терористите и се воделе напори тие да се убедат за да го ослободат јавниот обвинител. Но и покрај сите напори одкога од канцеларијата на јавниот обвинител Кираз се слушнале истрели од оружје специјалците влегле во неговата канцеларија.

Премиерот Давутоглу рече дека после овој инцидент безбедносните мерки во судовите значително ќе се засилат.

Претседателот на парламентот Џемил Чичек преку соопштение жестоко го осуди нападот и рече дека истиот воедно претставува напад на човештвото, дека претставува кривично дело и дека извршителите на нападот не можат да бидат луѓе.

Сочувство до семејството на јавниот обвинител Кираз упати министерот за правда Кенан Ипек кој лично го посети во болницата.

Посмртните останки на јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз ќе бидат погребани денес во Истанбул.


Тагови:

Слични вести