Може да размислиме за логистичка поддршка

Претседателот Ердоган даде интервју за францускиот телевизиски канал Франс24

283789
Може да размислиме за логистичка поддршка

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ја поддржува воената операција на Саудиска Арабија и останатите арапски земји на Јемен која се реализира на барање на претседателот на Јемен Абдуррабу Мансур Хади.

Претседателот Ердоган во интервју за францускиот телевизиски канал Франс24 изјави дека зависно од насоката по која ќе се движат случувањата во Јемен може да размислиме за понуда на логистичка поддршка.

Ердоган додаде дека шиитските Хуси , Ел Каиде и останатите терористички групи треба да се повлечат од Јемен и дека истото важи и за Иран. Мислам дека Иран вложува напори да го засили своето влијание во Ирак воедно и дека официјалните власти во Техеран сакаат да го протераат ИДИЛ од регионот и да го заземат неговото место. За целосно уништување на ИДИЛ не е доволна само воздушна туку треба и копнена операција, додаде претседателот Ердоган.

Ердоган подвлече дека ИДИЛ нема апсолутна било каква врска со исламското учење туку дека е само терористичка организација.

 


Тагови:

Слични вести