Турско-американски парламентарни разговори во Вашингтон

Заради постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток се појавува потреба од една интегрална политика во чија основа ќе лежат Сирија и Ирак.

281837
Турско-американски парламентарни разговори во Вашингтон

Претседателот на собранието Џемил Чичек кој деновиве престојува во посета на Америка во Вашингтон се состана со претседателот на американскиот Сенат Орин Хеч и со претседателот на Конгресот Џон Боенер.

Разговорите поминаа во знакот на настаните од 1915 година, турско-американските билатерални односи како и одредени актуелни регионални и меѓународни прашања.

Претседателот на собранието Џемил Чичек рече дека заради постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток се појавува потреба од една интегрална политика во чија основа ќе лежат Сирија и Ирак.

Џемил Чичек во Вашингтон се состана и со Линколн Меккурди претседател на турско-американската коалиција и со делегација на американски бизнисмени.

Во разговорот Чичек се осврна на настаните од 1915 година и рече дека Америка не треба да им посвети внимание на ерменските тврдења за наводен геноцид над Ерменците во 1915 година од страна на тогашните османлиски власти.

Чичек воедно се задржа на обемот на трговската размена меѓу Турција и САД и рече дека постојната бројка од 20 милијарди долари е недоволна и ги повика американските бизнисмени повеќе да вложуваат во Турција особено во секторите кои функционираат на база на висока технологија.


Тагови:

Слични вести