Сочувство до шпанскиот крал Филип

Ердоган му изрази сочувство на шпанскиот крал Филип по повод трагичното загинување на 45 шпански државјани во авионската несреќа

281771
Сочувство до шпанскиот крал Филип

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган му изрази сочувство на шпанскиот крал Филип по повод трагичното загинување на 45 шпански државјани во авионската несреќа во Франција.

Во телефонскиот разговор со шпанскиот суверен претседателот Ердоган рече дека длабоко жали поради трагичната авионска несреќа во која животот го загубија 144 патници и 6 членови на екипажот. Веста за оваа несреќа го погоди турскиот народ како и мене лично и моето семејство. За жал во трагедијата настрадаа 45 шпански и еден турски државјанин додаде претседателот Ердгоан.

Ве молам пренесете го моето сочувство до семејствата на загинатите патници и до целиот шпански народ, му рече претседателот Ердоган на шпанскиот крал Филип.

Кралот Филип му се заблагодари на претседателот Ердоган на сочувството.

 


Тагови:

Слични вести