Претседателот на Собранието Чичек во Вашингтон

Турција и САД се два блиски стратегиски партнери со способност за позитивен придонес во воспоставувањето на позитивниот меѓународен поредок

280537
Претседателот на Собранието Чичек во Вашингтон

Претседателот на Собранието Џемил Чичек во Вашингтон говореше на конференцијата на тема „ Турција во 21.век, турско-американски односи“.

Во говорот Џемил Чичек се задржа на настаните од 1915 година како и на ИДИЛ.

Чичек рече дека Турција е страната која најмногу се залага за обелоденување на настаните од 1915 година и за нормализација на односите со соседна Ерменија, но Ерменија и покрај сите добронамерни однесувања на Турција продолжува 24 април да го одбележува како ден на таканаречен геноцид над Ерменците.

Што се однесува до ситуацијата во Сирија Чичек рече дека ситуацијата во оваа земја може да се подобри само со борба против ИДИЛ и режимот кој што е на власт. Се додека Асад е на власт во Сирија и се додека не се искорени ИДИЛ нема да има мир во Сирија, истакна Чичек. Должината на турско-сириската граница изнесува околу 1000 километри што значи дека ИДИЛ директно и се заканува на Турција. ИДИЛ за Турција е терористичка организација и токму заради Турција дава целосна поддршка на меѓународната коалиција за борба против ИДИЛ па дури изразува желба да направи многу повеќе.

Во Сирија и во Ирак постојат над 20 000 членови на ИДИЛ дојдени од над 80 земји. Турција со сопствени сили се бори за спречување на продорот на лицата кои преку нејзина територија сакаат да се префрлат во Сирија и во Ирак за да се приклучат на редовите на ИДИЛ. Досега на 12 550 странски државјани им беше забранет влезот во Турција.

Што се однесува на турско-американските односи претседателот на Собранието Џемил Чичек рече : сакам да потенцирам дека Турција и САД се два блиски стратегиски партнери со способност за позитивен придонес во воспоставувањето на позитивниот меѓународен поредок и кои имаат идентични ставови во однос на одредени витални меѓународни прашања и покрај фактот што повремено се појавуваат одредени разијдувања во ставовите.


Тагови:

Слични вести