Не може да има мир под сенката на оружјето

Во Турција веќе не постои Курдско прашање, туку постојат проблеми на курдските браќа

277567
Не може да има мир под сенката на оружјето

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека не може да има мир под сенката на оружјето.

Во говорот што го одржа пред претседателите на месните заедници во претседателскиот дворец, претседателот Ердоган се осврна на процесот за изнаоѓање мировно решение на конфликтот.

Ердоган рече дека не можете да дадете придонес во изнаоѓањето решение доколку не го положите оружјето и продолжи со зборовите:

Во 2005 година на браќата им реков дека Курдското прашање е мој проблем. Тој ден ги одбивме политиките на негирање. Со окончувањето на политиките на негирање, односно со прифаќање на проблемите од страна на државата и барање решение на истите, веќе не важи поимот Курдски проблем. Кога реков дека не постои Курдско прашање, моите зборови се јасни. Во Турција веќе не постои Курдско прашање, туку постојат проблеми на курдските браќа.

Процесот за изнаоѓање мировно решение го започнав јас лично рече претседателот Ердоган и додаде:

Доколку останеме сами на патот за изнаоѓање решение на процесот, успешно ќе го окончаме овој процес, подвлече претседателот Ердоган.

Денес една друга дестинација на денешната програма на претседателот Ердоган е вонредното Генерално заседание на турската хуманитарна организација Црвена полумесечина (Кизилај) во Анкара.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган рече дека секоја установа може да задоцни, но истото не важи за Црвената полумесечина.

Црвениот полумесец, симболот на нашата хуманитарна организација секаде каде што се вее во светот претставува надеж за помош.

Бегалците кои во последните години пребегнаа од Ирак и Сирија беа дочекани од страна на Црвената полумесечина, потсети претседателот Ердоган и подвлече дека износот на помошта што ја доделуваше Црвената полумесечина пред 10 година изнесуваше 45 милиони долари. Денес оваа бројка се зголеми на 4,5 милијарди долари.


Тагови:

Слични вести