Награда за најдобра авиокомпанија на „Туркиш ерлајнс"

Наградата за најдобра авиокомпанија на годината на „Air Transport News“ беше доделена на „Туркиш ерлајнс“.

277765
Награда за најдобра авиокомпанија на „Туркиш ерлајнс"

Наградата за најдобра авиокомпанија на годината на „Air Transport News“ чии награди важат за најпрестижни во воздушната индустрија беше доделена на „Туркиш ерлајнс“.

На свеченото доделување на наградите што се одржа во салата „Ариана“ на ОН во Женева, беа доделени наградите на најуспешните во секторот.

На вечерата на веб сајтот „Air Transport News“ наградата за најдобра авиокомпанија беше доделена на турската компанија Туркиш ерлајнс. Наградата од генералниот директор на „Air Transport News“ Костас Иатроу во име на авиокомпанијата ја прими директорката Ајше Мисирли Мирза.


Тагови:

Слични вести