Претседателот Ердоган по телефон му изрази сочувство на Ес Сибси

Турција остро го осудува терористичкиот напад во музејот Бардо кој беше насочен против човештвото и братството

Претседателот Ердоган по телефон му изрази сочувство на Ес Сибси

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по телефон го побара тунискиот претседател Беџи Каид Елсибси и му изрази сочувство за невините загинати во терористичкиот напад на 18-ти март.

Претседателот Ердоган на телефонскиот разговор на тунискиот претседател му рече дека остро го осудува терористичкиот напад во музејот Бардо кој беше насочен против човештвото и братството, додека на семејствата на невините загинати и братскиот туниски народ им изрази искрено сочувство, а на повредените што поскоро да оздрават.

Тунискиот претседател Елсибси на претседателот Ердоган му се заблагодари за искреното сочувство и рече дека придаваат големо значење на искуството на Турција во врска со демократизацијата.


Тагови:

Слични вести