Давутоглу се состана со претставниците на алевитите

На вечерата беа разгледани основните проблеми на алевитите како и можностите за изнаоѓање решение на истите

Давутоглу се состана со претставниците на алевитите

Премиерот Давутоглу се состана со претставниците на Невладините организации на алевитите.

Премиерот Ахмет Давутоглу синоќа во Истанбул на вечера се состана со претставниците на Невладините организации на алевитите.

На вечерата што се одржа во канцеларијата на премиерот во сарајот Долмабахче и беше затворена за печатот учествуваа министрите за труд и социјална безбедност Фарук Челик, министерот за култура и туризам Омер Челик, претседателите и претставниците на Невладините организации како што се Фондацијата Џем Вакфи, Федерацијата на алевитите Бекташии, Здружението Пир Султан Абдал, Федерацијата на фоднациите на алевитите, Културните здруженија на алевитите, Федерацијата на алевитските здруженија и здружението Баба Мансур Оџаги.

На вечерата беа разгледани основните проблеми на алевитите како и можностите за изнаоѓање решение на истите.


Тагови:

Слични вести