Спомнувањето на Украина со кризата предизвикува големо жалење

Ердоган рече дека за присилно раселените лица издвоиле 10 милиони грант помош

Спомнувањето на Украина со кризата предизвикува големо жалење

Претседателот Ердоган во рамките на посета на Украина одржа низа средби.

Претседателот Ердоган од страна на домаќинот, претседателот Порошенко беше пречекан со високи државни почести.

По тет-а тет средбата, двајцата претседатели учествуваа на четвртиот Висок состанок за стратешка соработка меѓу Турција и Украина.

По состанокот беа потпишани низа договори за соработка меѓу двете земји во различни сфери.

По свеченото потпишување на договорите претседателот Ердоган на заедничката прес конференција одговараше на прашањата на новинарите и рече дека проблемите во Украина треба да се решат во рамките на меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина.

Спомнувањето на Украина заедно со зборот криза предизвикува големо жалење, рече претседателот Ердоган. Наша најголема желба е што поскоро да се надминат тешкотиите и да се воспостави мир и просперитет во целата земја.

Во врска со Договорот од Минск претседателот Ердоган рече дека тоа претставува извонредна можност и упати критики на сметка на САД во врска со неконзистентниот став во однос со Сирија.

Постои неконзистентност меѓу ставот на директорот на ЦИА и државниот секретар Кери. По изнесувањето на дневниот ред на јавноста, од страна на канцеларијата на кери беше демантиран. Во Сирија не може да има мир се додека на чело на земјата се наоѓа Асад. Не сакам ниту да помислам дела американските државни институции ќе го подржат убиецот асад, рече Ердоган.

Во освртот на проблемите на Турците Татари на Крим, претседателот Ердоган рече дека ќе продолжиме со изнесувањето на проблемите на нашите браќа на меѓународно нив и во рамките на билатералните средби.

Турција е земја осигурувач на Црното Море рече претседателот Ердоган и подвлече дека предлогот за името на проект гасоводот „Турски проток“ беше доставен од страна на Русија.

Украинскиот претседател Порошенко на средбата рече дека неговата земја придава многу големо значење на соработката со Турција и дека донеле одлука за унапредување на билатералните односи и преземање заеднички чекори во меѓународната соработка.

Претседателот Ердоган рече дека за присилно раселените лица издвоиле 10 милиони грант помош.


Тагови:

Слични вести