Ердоган по повод Невруз подвлече на значењето на единството

Невруз е заеднички празник кој се слави на поширока географија и претставува симбол на братството

Ердоган по повод Невруз подвлече на значењето на единството

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката по повод 21 март, Денот на пролетта Невруз подвлече на значењето на единството.

Претседателот Ердоган рече дека Невруз е заеднички празник кој се слави на поширока географија и претставува симбол на братството. Празникот Невруз претставува јасен показател за надминувањето на сите разлики од страна на нашиот народ, желба за излегување во пресрет на своето богато минато и заедничка изградба на подобрата иднина.

Почнувајќи од 2010 година, празникот Невруз со придонесот на ОН беше подарен на целиот свет, рече претседателот Ердоган и посака празникот Невруз да одигра значајна улога во зајакнувањето на братската атмосфера и просперитетот во земјата за кои подолг период вложуваме големи напори. Надежта која расте со доаѓањето на пролетта, верувам дека ќе го постигне својот зенит со празникот Невруз и ќе одигра значајна улога во отворањето нов период во иднина.

Претседателот Ердоган, пораката о повод празникот Невруз преку профилот на твитер освен на турски јазик ја сподели и на курдски, англиски, арапски и персиски јазик.

Во говорот што го одржа на една свечена манифестација во Денизли, претседателот Ердоган на сите граѓани им го честита предвесникот на пролетта и надежта Невруз. Посакувам Невруз да биде празник за просперитет и мир за сите браќа во регионот, рече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести