Претседателот Ердоган престојува во посета на Украина

Во Украина живеат браќата кримските Татари и Турците Ахиска кои се погодени од напнатоста во земјата

Претседателот Ердоган престојува во посета на Украина

Официјалната посета на претседателот Ердоган на Украина започна со полагање венец на гробот на незнаениот јунак во Киев и со свечена церемонија на пречек од страна на претседателот Петро Порошенко.

Нешто потоа претседателите Порошенко и Ердоган водеа разговор зад затворени врати, по што претседаваа со советот за стратегиска соработка на високо ниво.

Седницата на советот заврши со потпишување на неколку договори за соработка меѓу Украина и Турција.
Претседателите Ердоган и Порошенко ќе одржат конференција за новинарите а вечерва претседателот Порошенко ќе приреди свечена вечера во чест на високиот гостин од Турција.

Претседателот Ердоган пред заминувањето за Украина изјави дека во Украина живеат браќата кримските Татари и Турците Ахиска кои се погодени од напнатоста во земјата. Ние како Турција секако дека водиме грижа за нивната положба и за нивните проблеми и нема да прифатиме да бидат подложени на било какви притисоци.


Тагови:

Слични вести