Семејствата на исчезнатите Англичанки ќе бараат помош од Ердоган

Средношколките на 15, 16 и 17 години години Амира, Шамима и Кадиза на 17 февруари од Лондон пристигнаа во Истанбул

Семејствата на исчезнатите Англичанки ќе бараат помош од Ердоган


Семејствата на три млади Англичанки кои исчезнале во Англија и за кои подоцна беше утврдено дека преку Турција се префрлиле во Сирија за да и се приклучат на ИДИЛ ќе дојдат во Турција и ќе бараат да бидат примени кај претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Три средношколки на 15, 16 и 17 години години Амира, Шамима и Кадиза на 17 февруари од Лондон пристигнаа во Истанбул. Потоа по илегален начин се префрлиле во Сирија и им се приклучиле на редовите на ИДИЛ.

Нивните семејства загрижени за судбината на нивните ќерки изјавија за Турската Радио и Телевизија ТРТ дека ќе се обратат до претседателот Ердоган за помош. Тие додадоа дека нема да се откажат се додека не ги пронајдат своите ќерки.


Тагови:

Слични вести