Турција бара излез за сушата во Африка

Министерството за водостопанство и шумарство во соработка со ТИКА обезбеди вода за пиење за над 1 милион и 600 000 жители на Африка

266343
Турција бара излез за сушата во Африка

Со последните активности за водоснабдување Министерството за водостопанство и шумарство и ТИКА отворија стотици бунари за вода во неколку африкански држави кои што се борат со недостаток од вода за пиење и наводнување. Така што во Буркина Фасо се отворија 76, во Нигер 258, во Сомалија 25, Мали 36 и во Мавританија 57 бунари за вода.

Освен тоа Турција испрати неколку екипи за истражување на извори на вода и стручни лица за раководење со пумпните станици и бунарите за вода.

Турција планира до 2019 година да обезбеди вода за пиење и наводнување за уште 3 милиони жители на африканскиот континент.

 


Тагови:

Слични вести