Владин состанок за изнаоѓање мировно решение на конфликтот

На состанокот беа разгледани случувањата по повикот на Владата до ПКК на 28 февруари за положување на оружјето

260202
Владин состанок за изнаоѓање мировно решение на конфликтот

На вчерашниот состанок во Владата, премиерот Ахмет Давутоглу се состана со советниците и ги разменија мислења во врска со процесот за изнаоѓање мировно решение на конфликтот по повикот до ПКК за положување на оружјето.

На состанокот учествуваа потпретседателите на владата Јалчин Акдоган, Булент Аринч, Али Бабаџан и Нуман Куртулмуш, министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.

На состанокот беа разгледани случувањата по повикот на Владата до ПКК на 28 февруари за положување на оружјето, активностите кои се преземаат во рамките на процесот како и чекорите што се предвидува да се фрлат во претстојните денови.

По состанокот премиерот Давутоглу одржа тет-а тет средба со потсекретарот на националната разузнавачка служба, Хакан Фидан.

Повикот на народната демократска партија (ХДП) за положување на оружјето, одигра значајна улога во надминувањето на одредени потешкотии во процесот за изнаоѓање мировно решение на конфликтот.

Со приближувањето на празникот Невруз, исто така дојде до пораст на очекувањата во врска со мировниот процес.


Тагови:

Слични вести