Економски брифинг за претседателот Ердоган

Приоритетно значење привлече поглавјето за намалување на каматните стапки

259964
Економски брифинг за претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган доби брифинг за економијата од потпретседателот на Владата Али Бабаџан и претседателот на Централната Банка Ердем Башчи.

На брифингот во претседателскиот дворец кој траеше околу 2.5 часа уште еднаш беше подвлечено на значењето на зачувувањето на довербата и безбедноста.

Процесот се следи активно и се преземаат потребните мерки и санкции наспроти евентуални потреси. Економските темели на Турција се многу цврсти, беше истакнато во соопштението по брифингот.

Во брифингот од 130 страници кој беше објавен на официјалната веб страница на Централната банка на интернет, приоритетно значење привлече поглавјето за намалување на каматните стапки.

Претседателот на Централната банка Ердем Башчи рече дека за намалување на каматната стапка треба да се преземат потребните чекори за зголемување на средината на доверба и стабилност, потенцирајќи дека каматната стапка може да се намали единствено во стабилна и доверлива атмосфера.


Тагови:

Слични вести