Акционен план за Југоисточна Анадолија

За остварување на планот до 2018 година од централниот буџет ќе бидат одвоени 27 милијарди долари

254943
Акционен план за Југоисточна Анадолија

Премиерот Ахмет Давутогу во Мардин го објави акциониот план за проектот Југоисточна Анадолија

Давутоглу рече дека ќе изнесат нови политики кои ќе бидат иновативни, ќе го интензивираат економскиот и општествен развој, ќе ја зголемат стапката на вработеност, ќе се фокусира кон производство и развој на човекот.

Акциониот план се состои од 5 главни гранки, рече Давутоглу и додаде дека за остварување на планот до 2018 година од централниот буџет ќе бидат одвоени 27 милијарди долари.

На крајот на остварувањето на планот се предвидува да се заврши инфраструктурата за складирање на вода за наводнување на површина од 1,1 милиони хектари и во тие рамки ќе заврши поголемиот дел од изградбата на мрежата, рече премиерот Давутоглу и додаде дека ќе пружат финансиска поддршка на земјоделците кои се бават со органско земјоделство и производство на производи со додадена вредност.

На крајот на акциониот план во 2018 година исто така планираме да ја намалиме стапката на невработеност, рече премиерот Давутоглу потенцирајќи дека ќе ги зајакнат регионалните гранични премини.

Премиерот Давутоглу меѓудругото потенцираше дека ќе фрлат значајни чекори во полето на образованието, туризмот и здравството.


Тагови:

Слични вести