Отворен најголемиот град под шатори во Турција

На отворањето Емине Ердоган истакна дека градот под шатори се состои од 700 семејни шатори и е најмодерниот досега во светот

250937
Отворен најголемиот град под шатори во Турција

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган свечено го отвори најголемиот град под шатори во Турција, во Суруч кај Шанлиурфа.

Градот под шатори има капацитет за 35 000 лица.

На отворањето Емине Ердоган истакна дека градот под шатори се состои од 700 семејни шатори и е најмодерниот досега во светот. Во него се предвидени сите отворени и затворени простори , училиште, маркет , спортски терени па дури и игралишта за децата.

На крајот од говорот Емине Ердоган ја критикува меѓународната заедница за недоволната грижа за бегалците од Сирија и рече дека за разлика од нивната вештачка грижа изразена само со зборови Турција прави конкретни работи за прифаќање, сместување и грижа на бегалците од соседна Сирија.

 


Тагови:

Слични вести