Премиерот Давутоглу во посета на Португалија

Премиерот Ахмет Давутоглу вчера во доцните вечерни часови допатува во официјална посета на Португалија

245305
Премиерот Давутоглу во посета на Португалија

Во програмата на премиерот Давутоглу се наоѓа посетата на џамијата во Лисабон и средба со претставниците на Муслиманската заедница во Португалија.

Давуоглу ќе положи венец на гробот на турските дипломати кои беа убиени од страна на ерменски терористи во 1983 година.

Премиерот Давуоглу ќе биде примен од страна на домаќинот премиерот на Португалија Педро Пасос Коелјо и претседателот Кавако Силва.

После билатералните средби со претседателот и премиерот на Португалија, премиерот Ахмет Давутоглу и премиерот Коелјо че претседаваат со официјалните разговори на ниво на владини делегации.

Се очекува после официјалните разговори да се потпишат низа билатерални договори за соработка. Премиерите Давутоглу и Коелјо ќе одржат заедничка конференција за печатот.

Премиерот Коелјо ќе приреди свечена вечера во чест на премиерот Давутоглу.

После свечената вечера премиерот Давутоглу ќе отпатува за Њујорк.


Тагови:

Слични вести