Вчера се одржа првиот овогодишен состанок на СНБ

Главна тема на состанокот беа борбат против тероризмот и внатрешната безбедност

240455
Вчера се одржа првиот овогодишен состанок на СНБ

Вчера во претседателскиот дворец, под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се одржа првиот годинашен состанок на Советот за национална безбедност (СНБ).

На состанокот којшто траеше околу 6.5 часа беа разгледани борбата против паралелната држава, процесот за изнаоѓање мировно решение во борбата против тероризмот, внатрешната безбедност, случувањата во Сирија, терористичката организација ИДИЛ и енергетската безбедност.

Во писменото соопштение што беше објавено по состанокот беше истакнато дека на состанокот беше усвоена одлука за упатување честитки на сметка на Турските вооружени сили (ТВС) по повод успешната воена операција „Шах Еуфрат“ која беше реализирана порака како последица на безбедносните причини и воена неопходност.

На состанокот беа разгледани постоечките динамики на судирите во Сирија кои влегоа во петта година, влијанието на ризиците и заканите предизвикани од ИДИЛ и другите фактори во Сирија врз безбедноста и стабилноста на земјата, чекорите што ги фрливме во рамките на соработката со меѓународната заедница, развојот на случувањата на меѓународната арена во врска со Сирија, состојбата на сириските бегалци во земјава и помошта што им ја пруживме.

На состанокот исто така детално беше разгледано постигнатото ниво во рамките на напорите за изнаоѓање мировно решение во борбата против тероризмот и беше акцентирано за решителното продолжување на борбата за окончување на тероризмот.

На состанокот, на членовите на Советот им беше доставен целосен извештај во врска со националните и меѓународни активности и дејствија во борбата против паралелната државна структура и илегалните формации кои дејствуваат под легални формации.

Случувањата во Јужен Кавказ беа една друга значајна тема на состанокот на кој што им беше одадена почит на загинатите херои во масакрот во Хоџали.

Меѓудругото на состанокот беа разгледани и случувањата во Либија и Јемен, состојбата на Блискиот Исток и Северна Африка, како и развојот на случувањата во Израелско-палестинскиот спор.

На состанокот учествуваше и министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз кој не е член на Советот. Во тие рамки на состанокот беа разгледани случувањата, ризиците, можностите и политиките во енергетскиот сектор, како и превентивните мерки кои што треба да асе преземат од аспект на енергетската безбедност.


Тагови:

Слични вести