Голем оддек на операцијата „Шах Еуфрат" на светската арена

Нашите војници влегоа со оклопни возила, ги зедоа аманетите и претходно ги предупредивме сите фактори на теренот

229515
Голем оддек на операцијата „Шах Еуфрат" на светската арена

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека операцијата „Шах Еуфрат“ предизвика голем оддек на меѓународната арена.

Министерот Чавушоглу на конгресот на градскиот огранок на подмладокот на владејачката партија за Правда и развој (АКП) во Анталија, се осврна на подготвителните и активностите по воената операција за евакуација на војниците од турбето Сулејман Шах во селото Каракозак во општинските граници на Алепо во Сирија.
Мевљут Чавушоглу во говорот рече дека нашите војници влегоа со оклопни возила, ги зедоа аманетите и претходно ги предупредивме сите фактори на теренот. Страните ги предупредивме дека на 21 февруари во 21 часот нашите војници ќе влезат во Сирија и никој да не ни излегува на пат. Фала му на бога не се случи ништо непредвидено.
Операцијата на турските вооружени сили предизвика силен оддек на меѓународната арена, рече министерот Давутоглу и не прауваат како ја извршивме операцијата. Претходно како што е познато, нашиот дипломатски персонал во Мосул дури по 102 дена, без крвопролевање, со помош на националната разузнавачка служба МИТ и инволвираните единици, вклучувајќи го и МНР, успешно ги вративме нашите вработени. И тогаш не прашаа со восхитување. Како ја извршивте операцијата? Помогнете ни и нам. И сега повторно не прашања, рече министерот Чавушоглу.
Турција не ги напушти тамошните територии и сега имаме нови територии кои се наоѓаат само на 180 метри од нашата граница и тоа на териториите на Сирија, рече министерот Чавушогу кој остро го критикуваше ставот на опозицијата во врска со операцијата.
Мављут Чавушоглу меѓудругото додаде дека во врска со операцијата беа реализирани потребните допишувања со надлежните меѓународни органи, нагласувајќи дека Турција не зеде дозвола од ниту една земја. Операцијата ја изврши своеволно.
Никој не треба да се шегува со Турските вооружени сили (ТВС), рече министерот Давутоглу и подвлече дека ТВС уште еднаш на целиот свет му ја покажаа својата воена способност.
Во меѓувреме, министерот за надворешни Мевљут Чавушоглу, вендаш по пренесувањето на војниците и воената караула Сулејман шах, одржа телефонски разговори со министрите за надворешни работи на САД; Холандија, Англија, Данска и Саудиска Арабија како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Чавушоглу со колегите размени мислења во врска со операцијата како и актуелните случувања во светот.


Тагови:

Слични вести