Во операцијата „Шах Еуфрат" не дојде до судири

Аманетите со високо духовно значење во караулата Сулејман Шах Сајги, привремено беа донесени во Турција

227973
Во операцијата „Шах Еуфрат" не дојде до судири

По операцијата на караулата Сулејман Шах Сајги, Турските вооружени сили (ТВС) го објавија првото официјално соопштение.

Според соопштението објавено на официјалниот веб сајт на ТВС, аманетите со високо духовно значење во караулата Сулејман Шах Сајги која претставува дел од турските територии согласно меѓународните договори, како последица на безбедносните проблеми и воената неопходност, привремено беа донесени во Турција со цел повторно да бидат пренесени во селото Ешмеси во Сирија.
Во соопштението меѓудругото беше потенцирано дека во старото место не остана ниту еден аманет, посмртните остатоци на Сулејман Шах ќе бидат пренесени северно од селото Епмеси во Сирија, кои територии ќе бидат под контрола на турските војници и каде што ќе се вее турско знаме.
Во рамките на операцијата „Шах Еуфрат“ не дојде до судири, загина само еден персонал и тоа во сообраќајна несреќа за време на пристигнувањето на турските војници на местото каде што се наоѓаше турбето, беше истакнато во соопштението на МНР.
Во рамките на операцијата, поточно во сообраќајна несреќа загина подофицерот на центарот за фотографии и филмови на генералштабот, десетарот Халит Авџи.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по телефон го побара семејството на десетарот Халит Авџи кој загина во сообраќајна несреќа во рамките на операцијата „Шах Еуфрат“ и им изрази сочувство.
Претседателот на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек исто така по телефон го побара Мустафа Авџи, таткото на десетарот Халит Авџи, кој загина во сообраќајна несреќа во рамките на операцијата „Шах Еуфрат“.
Премиерот Ахмет Давутоглу исто така по телефон го побара таткото на Халит Авџи и му изрази соучество.
Началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел во пораката по повод операцијата рече дека другарот по оружје загина на 21 февруари 2015 година. На семејството и блиските на загинатиот херој им изразувам искрено и длабоко соучество.


Тагови:

Слични вести