ТВС извршија операција на караулата Сулејман шах Сајги

Воздушните екипи на Турските вооружени сили од воздух ја подржуваа копнената единица која ја започна операцијата

227566
ТВС извршија операција на караулата Сулејман шах Сајги

Турските вооружени сили (ТВС) извршија операција на караулата Сулејман шах Сајги во Сирија со цел да се намират потребите.

Според информациите, вчера беше извршена операцијанакараулата Сулејман Шах Сајги за евакуација на над 40 војници кои беа задолжени за одбраната на турбето.
Воената единица која беше испратена на полноќ, ја помина границата и замина кон караулата.
Воздушните екипи на Турските вооружени сили од воздух ја подржуваа копнената единица која ја започна операцијата.
Соопштението во врска со деталите и опширните информации околу операцијата ќе го објави премиерот Ахмет Давутоглу од седиштето на Генералштабот.
Турбето Сулејман Шах и караулата Сајги е единствената турска територија надвор од границите на денешна Турција. Во рамките на операцијата на Турските вооружени сили учествуваа 50 тенкови.
Авионите на Турските вооружени сили од типот Ф-16 извршија контролни летови над границата.
Исто така и воздушните сили на Турција беа во алармантна состојба.
Како последица на напнатоста во регионот, 44 турски специјалци кои беа задолжени за одбраната на караулата беа донесени во Турција.
Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека посмртните остатоци на Сулејман шах кој претставува аманет на нашите предци, привремено се донесени во Турција од каде што исто така привремено ќе бидат пренесени во новиот гроб.
Подрачјето околу сириското село Ешмеси каде што се предвидува привремено да се пренесат посмртните остатоци на Сулејман шах е земено под контрола на нашата армија и на овие територии се вее турското знаме, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести