Давутоглу активнo ја проследи целата воена операција „Шах Еуфрат

Oперацијата се водеше од четири страни, беше проследена цело време и немаше прекин во врските со ангажираните единици

228016
Давутоглу активнo ја проследи целата воена операција „Шах Еуфрат

Премиерот Ахмет Давутоглу активнo ја проследи целата воена операција „Шах Еуфрат“ која беше насочена за пренесување на аманетите со високо духовно значење од караулата Сулејман Шах Сајги.

Премиерот Ахмет Давутоглу лично учествуваше во активностите при операцијата во салата за операции во седиштето на генералштабот.
При реализацијата на операцијата учествуваа началникот на генералштабот, генерал на армија Неџдет Озел, министерот за одбрана Исмет Јилмаз, командантите на вооружените сили и офицерите.
Премиерот Давутоглу лично раководеше со операцијата од салата за операции во Генералштабот.
Видеоснимките од беспилотните летала од местото на операцијата беа проследени во живо преку екраните во салата.
Премиерот Давутоглу во изјавата за печатот рече дека операцијата се водеше од четири страни, беше проследена цело време и немаше прекин во врските со ангажираните единици.


Тагови:

Слични вести