Турција и САД постигнаа согласност за обука насириската опозиција

Во Анкара се потпиша записник за реализација на програмата обука-опрема на силите на опозицијата во Сирија

224651
Турција и САД постигнаа согласност за обука насириската опозиција

Договорот од турска страна го потпиша потсекретарот на Министерството за надворешни работи Феридун Синирлиоглу а од американска амбасадорот на САД во Анкара Џон Бас.

По тој повод потсекретарот Синирлиоглу изјави дека записникот претставува важен чекор во рамките на стратегиското партнерство меѓу Турција и САД. Има уште многу што да се преземе на тој план. Во соседството и во останатите страни на светот се случуваат хаотични настани, што неминовно ја налага потребата од соработка меѓу сојузниците, додаде Синирлиоглу.

Американскиот амбасадор во Анкара Џон Бас рече дека силата на сојузниците потекнува од нивната заедничка работа. Записникот што пред малку го потпишавме ќе не доведе во подобра позиција во регионот. Сакам да истакнам дека ова е само почеток и дека сум убеден во тоа дека има уште многу работи кои можеме да ги реализираме со заеднички сили.

Се очекува записникот да стапи во сила во следните денови.

Дипломатски извори соопштуваат дека, целта на програмата за која станува збор во записникот е воспоставување на политички пресврт во Сирија на база на резолуцијата од Женева.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за тоа рече дека е добра работа и дека ќе послужи за борба како против силите на режимот во Сирија така и против ИДИЛ и останатите терористички групи во соседството.

Портпаролката на државниот секретаријат за надворешни работи на САД Џен Псаки изјави дека САД се задоволни од партнерските односи со Турција и дека со нетрпение го очекуваат денот кода записникот ќе стапи во сила.


Тагови:

Слични вести