Владин состанок посветен на решението во борбата против тероризм
На место на Хакан Фидан, за нов потсекретар на МИТ назначен заменик потсекретарот Исмаил Хакки Муса
Вчера под претседателство на премиерот Ахмет Ддавутоглу се одржа состанок посветена на решението во борбата против тероризмот.
На состанокот што се одржа во Владината зграда, беа разменети мислења во врска со постигнатото ниво на активностите за изнаоѓање решение во борбата против тероризмот.
Потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан кој поднесе оставка поради кандидатурата на претстојните парламентарни избори, последен пат учествуваше на состанокот. На состанокот учествуваа и министрите за внатрешни работи, правда и национална одбрана, бирократи од Владата, Управата за јавна безбедност и потсекретарите на МНР.
Во меѓувреме, на местото на шефот на разузнавачката служба МИТ, Хакан Фидан кој поднесе оставка, беше назначен заменик потсекретарот Исмаил Хакки Муса.
Новиот потсекретар на МИТ од страна на премиерот Ахмет Давутоглу ќе биде доставен на одобрување од страна на претседателот Ердоган. По разгледувањето на предлогот за новиот потсекретар на МИТ на седницата на Советот за национална безбедност на земјава, со указ потпишан од страна на претседателот на државата и премиерот на Владата, официјално ќе биде назначен новиот потсекретар на МИТ.
Слични вести
