Историјата да ја препуштиме на науката

Претседателот Ердоган се обрати на учесниците и гостите на меѓународниот симпозиум во Богота

216166
Историјата да ја препуштиме на науката

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се обрати на учесниците и гостите на меѓународниот симпозиум на тема „ 1915’та најдолгата година во историјата на Османлиското царство“ во Богота главниот град на Колумбија.

Организатори на симпозиумот се универзитетот Анкара, од Анкара и универзитетот Екстернадо од Богота.

Претседателот Ердоган рече: историјата не може да се толкува во парламентите каде што се донесуваат политички одлуки и на база на невистинити настани кои се прикажуваат божем како да биле вистински. Историјата не треба да ја пишуваат суверените сили туку науката од проста причина што првите се необјективни. Истото се однесува и на настаните од 1915 година кои треба да ги расветли науката. Тие не треба да им служат на валкани политички игри.

Токму заради тоа ние ги отворивме нашите историски архиви каде може да се најдат над 1 милион архивски материјали. Истото го очекуваме и од другите земји , на пример од Ерменија и таа нека ги отвори своите државни архиви. Да им дозволиме на историчарите да истражуваат во нив и самите да пресудат што точно се случило во далечната 1915 година. Сметам дена кампањата која ја води ерменската дијаспора е сосема недолична и необјективна. Минатото треба да се респектира а не да се претвори во средство за омраза кон другиот, истакна претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести