Делегација на арапски бизнисмени кај Ердоган
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган прими делегација составена од бизнисмени од Саудиска Арабија и од земјите од Персискиот залив
211882
Делегацијата пред тоа два дена ги истражуваше можностите и полињата за инвестирање во земјава.
Во разговорот кај претседателот Ердоган бизнисмените од арапските земји истакнаа дека особено се заинтересирани за инвестирање во секторите како што се обновливата енергија, здравството, финансиите и додадоа дека во контактите со надлежните државни органи добиле доста интересни информации за условите и можностите за странско инвестирање во Турција.
Претседателот Ердоган им се заблагодари на покажаниот интерес и рече дека Турција со условите кои што ги нуди за странските инвеститори во последните години се претвори во интересна и барана дестинација.
Слични вести
