Свечено отворен новиот терминал на аеродромот Могадишу

Ердоган свечено ја отвори зградата на новиот терминал на аеродромот Могдаишу

197142
Свечено отворен новиот терминал на аеродромот Могадишу

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на посетата на Сомалија, одржа низа средби со високите државни претставници на оваа земја.

Претседателот Ердоган на аеродромот на Могадишу беше пречекан од страна на сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд.
Веднаш по свечениот пречек, претседателот Ердоган свечено ја отвори зградата на новиот терминал на аеродромот Могадишу која беше изградена од страна на една турска компанија.
Веднаш потоа претседателот Ердоган ја отвори Сомалиско-турската болница за обука и истражување која беше изградена со поддршка на Турција.
Нешто потоа претседателот Ердоган се состана со сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд и на средбата рече дека ќе продолжи турската помош на Сомалија.
Во рамките на средбите на претседателот Ердоган му беше врачен државен орден на Сомалија. Исто така беа потпишани договори за инвестиции во полето на поморството, транспортот и комуникациите, индустријата, спортот и здравството.
По посетата на Сомалија, претседателот Ердоган синоќа се врати во земјава.


Тагови:

Слични вести