Ке продолжи турската поддршка на Сомалија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојуваше во Сомалија последна станица од неговата турнеја по земјите од Рогот на Африка

196959
Ке продолжи турската поддршка на Сомалија

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром во Могадишу беше пречекан од страна на претседателот на Сомалија Хасан Шејх Махмуд.

По церемонијата на свечениот пречек претседателите Ердоган и Махмуд на свечен начин ја пуштија во употреба новата терминална зграда на аеродромот во Могадишу.

Претседателот Ердоган потоа ја отвори турско-сомалиската болница со капацитет од 200 легла која ја изгради Турција. Претседателот Ердоган на свеченоста истакна дека турската помош на сомалискиот народ ќе продолжи и во иднина.

Во врска со терористичкиот напад во Сомалија претседателот Ердоган рече дека Турција најостро реагира и го осудува овој напад.

Посетата на претседателот Ердоган на Сомалија послужи за потпишување на низа договори за соработка меѓу двете земји.


Тагови:

Слични вести