Владата одржа седница под претседателство на  Ердоган

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган за прв пат претседаваше со седница на владата по изборот за претседател на државата

189454
Владата одржа седница под претседателство на  Ердоган

Седницата се одржа во новиот претседателски дворец во Анкара а  на дневниот ред да се најдоа низа актуелни внатрешни и надворешни прашања како што се прашањата посветени на борбата против паралелните конструкции во власта,процесот посветен на помирувањето и антиисламските движења во Европа.

Меѓу надворешнире прашања на прво место беа поставени прашањата посветени на ситуациите во Сирија и во Ирак, односите на земјава со ЕУ и други.

Претседателот Ердоган не е првиот претседател досега во Турција кој има свикано седница на владата.
Тоа го имаат направено и неговите претходници Џемал Ѓурсел, Фахри Корутурк, Кенан Еврен, Сулејман Демирел и Тургут Озал.

Ова уставно право на претседателот на државата не го искористија претседателите Ахмет Неждет Сезер и Абдулах Ѓул.


Тагови:

Слични вести