Турција ги држи своите граници отворени за невините
Зарем единствена вина на Турција е тоа што граничи со Сирија?
Турција ги држи своите граници отворени за невините, рече премиерот Давутоглу.
На покана на германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот Ахмет Давутоглу престојуваше во посета на Германија.
Главна тема на разговорите освен билатералните односи, беа борбата против тероризмот и исламофобијата во Европа.
Премиерот Давутоглу во оваа прилика потсети на начелниот став на Турција во врска со Сирија и додаде дека Турција границите ги држеше отворени не за да поминат терористите, туку невините деца чии родители беа убиени, жени чии мажи исто така беа убиени. Се со цел невините бегалци да најдат уточиште и безбедност, подвлече премиерот Давутоглу.
Зарем единствена вина на Турција е тоа што граничи со Сирија? - праша премиерот Давутоглу и акцентираше дека Турција нема да имаат толеранција кон неоправданите обвинувања во врска со странските борци.
Премиерот Давутоглу меѓудругото рече дека со приемот на Турција во ЕУ, ќе се даде најдобар одговор на сите оние коишто преку културните и верски судири се обидуваат да ја поделат Европа.
По нападот во Парис, премиерот Давутоглу заедно со светските лидери учествуваше на Маршот на солидарноста и рече дека наше право е да ја очекуваме истата чувствителност.