Сторителот на нападот е француски државјанин

Се вложуваат напори цехот за нападот да се наплати на сметка на муслиманите

182933
Сторителот на нападот е француски државјанин

Претседателот Реџеп Таип Ердоган направи проценка на терористичките случувања во Франција.

Ердоган рече дека сторителот на нападот е француски државјанин, додека цехот за нападот се вложуваат напори да се наплати на сметка на муслиманите.
На заедничката прес конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседателот Ердоган рече дека меѓународната заедница во борбата против тероризмот за жал следи лицемерен став.
Напаѓачите кои се француски државјани, откако одлежале 16 месеци казна затвор, не беа доволно следени од сгтрана на француската разузнавачка служба, подвлече претседателот Ердоган.
Во врска со учеството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на маршот против тероризмот во Франција, претсетаделот Ердоган го критикваше Нетанјаху и рече: Со кое лице замина за Парис, навистина не можам да разберам.
Ова лице кое во Газа масакрираше 2500 лица и сее државен тероризам, на маршот се однесува како луѓето со нетрпение да го очекуваат него, па дури им мафта со рацете, рече претседателот Ердоган. Најпрвин вие поднесете сметка за децата, жените и другите лица кои ги убивте, рече претсеателот Ердоган.
Светот не мрдна со прст кога умираа 350 илјади лица во Сирија, рече претседателот Ердоган и додаде: За жал во Сирија и натаму продолжува да седи на власт лицето кое сее државен тероризам. Светот исто така не реагира и против негго. Се чека и се набљудуваат неговите уубиства, рече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести