Преземете превентивни мерки против нападите на нашите џамии

Без оглед на тоа дали масакрот е извршен од страна на некој муслиман или пак припадник на верата на мирот, истиот го сметаме за терористичката акција

183078
Преземете превентивни мерки против нападите на нашите џамии

Преземете превентивни мерки против нападите на нашите џамии, гласеше повикот на претседателот Ердоган до Западните земји.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека западните земји имаат дволичен ставкон тероризмот.
Без оглед на тоа дали масакрот е извршен од страна на некој муслиман или пак припадник на верата на мирот, истиот го сметаме за терористичка акција рече претседателот Ердоган и подвлече дека Турција е против сите видови на тероризам.
Ердоган на Западните земји им се обрати со зборовите: „Молиме властите и раководителите да преземат превентивни мерки против напаѓачите на нашите џамии“.
Терористичките акции се остваруваат согласно одреден планови, потенцираше претседателот Ердоган и додаде дека напаѓачите кои можеа да дојдат до Истанбул и да извршат убиство на еден полицаец и да ја нападнат стражарската куќа пред сарајот Долмабахче, се дело на едно сценарио. Се играат опасни игри на сметка на исламскиот свет, рече претседателот Ердоган.
Нешто потоа претседателот Ердоган во чест на палестинскиот претседател Махмуд Абас приреди свечена вечера.
За време на вечерата концерт на пијано одржа сирискиот млад пијанистТамби Асад кој неодамна беше примен во турско државјанство.


Тагови:

Слични вести