Премиерот Давутоглу во посета на Германија

Во Берлин премиерот Давутоглу со пригодна церемонија беше пречекан од страна на германската канцеларка Ангела Меркел

182474
Премиерот Давутоглу во посета на Германија

Премиерот Ахмет Давутоглу после учеството на митингот што беше организиран во Париз за солидарност во борбата против тероризмот отпатува за Германија.

Во Берлин премиерот Давутоглу со пригодна церемонија беше пречекан од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.

Главни точки на разговорот Меркел-Давутоглу се прашањата посветени на билатералните односи, борбата против тероризмот, растечките појави на нетрпеливост кон странците во Германија и во дел од европските земји како и одредени актуелни регионални и меѓународни прашања на чело со ситуациите во Ирак и во Сирија.

Пред средбата со канцеларката Меркел премиерот Давутоглу во Берлин прими претставници на неколку турски здруженија во Германија.

Во попладневните часови премиерот Давутоглу ќе одржи предавање на тема турската надворешна политика во едно од најпрестижните германски тинг тенг асоцијации, асоцијацијата Кербер.



Тагови:

Слични вести