Премиерот Давутоглу на маршот на солидарноста во Париз

Маршот претставува силна порака до средините кои терористичките напади сакаат да ги претворат во антимуслиманска кампања

181910
Премиерот Давутоглу на маршот на солидарноста во Париз

Премиерот Ахмет Давутоглу заедно со лидерите на неколку земји учествува на антитерористичкиот марш во Париз во знак на солидарност со француските граѓани.

Пред да отпатува за Париз премиерот Давутоглу на конференција за печатот рече дека заминува за Париз за да даде силна порака до средините кои терористичките напади сакаат да ги претворат во антимуслиманска кампања.

Давутоглу веднаш по пристигнувањето во Париз се огласи преку твитер и го напиша следното : се наоѓам во Париз на митингот за солидарност против тероризмот.

После маршот на солидарноста премиерот Давутоглу ќе приреди конференција за печатот пред амбасадата на Турција во Париз.

 

 


Тагови:

Слични вести