Не престануваат реакциите на коментарот на Мурдок

Сметам дека човекот автор на овој коментар има нарушено душевно здравје рњагираше министерот за поморство ,транспорт и комуникации Љутфи Елван

181813
Не престануваат реакциите на коментарот на Мурдок

Коментарот на Твитер на светскиот мултимедијски магнат Руперт Мурдок за тоа дека сите муслимани се одговорни за терористичкиот напад на хумористичното списание Шарли Хебдо во Парис се одговорни предизвика силни и бурни реакции како во Турција така и во светот.

Министерот за транспорт, поморство и комуникации Љутфи Елван во врска со тоа издаде соопштение во кое се вели : сметам дека човекот автор на овој коментар има нарушено душевно здравје. Исто така сметам дека колку што се опасни терористичките напади во Франција исто толку се опасни и овие изјави слични на изјавата на Мурдок. Исламот како религија проповеда мир, братство а не омраза. Јас ги осудувам овие луѓе и очекувам оваа личност веднаш да му се извини на целиот муслимански свет.

Слична реакција пристигна и од потпретседателот на АК партијата Сулејман Сојлу. Сојлу истакна дека изјавите слични на онаа на Мурдок се опасни за целото човештво и за неговата иднина.
Бирол Акѓун претседател на Институтот за стратегиско мислење реагираше со зборовите: секако дека е важно да се казнат лицата кои извршиле било какво кривично дело, но префрлувањето на вината на целата заедница не коренспондира со принципите на модерната политика.

Заменикот на Институтот за стратегиско мислење Мехмет Шахин исто така реагираше со зборовите дека твитот на еден мултимедиски магнат кој има милиони што го следат на социјалните мрежи не е ништо друго освен создавање поволна почва за тероризмот и да биде причина за исламофобични однесувања.

 


Тагови:

Слични вести