Коментарот на Мурдок е вистинска глупост

Реакција на Ибрахим Калин портпарол на кабинетот на претседателот на републиката

181133
Коментарот на Мурдок е вистинска глупост

Коментарот на мултимедискиот магнат Руперт Мурдок во врска со муслиманите објавен на социјалните мрежи после терористичкиот напад во Париз предизвика бурни реакции во светот.

Мурдок рече дека Муслиманите се одговорни за овие напади.

Реагираше и портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин.

Калин преку твитер рече дека коментарот на Руперт Мурдок е вистинска глупост и израз на расизам.

Да се каже дека за терористичките напади во Франција треба да одговараат една милијарда и 600 милиони муслимани би било исто како да се рече дека сите западни цивилизации се одговорни за катастрофите на Втората светска војна, за атомската катастрофа над Хирошима или за Холокаустот.


Тагови:

Слични вести