Ердоган најостро го осуди нападот на Боко Харам

Овој ужасен напад, го потврдува ставот дека меѓународната заедница треба да преземе порешителен став во борбата против тероризмот

178993
Ердоган најостро го осуди нападот на Боко Харам

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган најостро го осуди терористичкиот напад на Боко Харам на градот бага во североисточна Нигерија.
Ердоган во писменото соопштение рече дека Турција е против сите видови тероризам и најискрено ја споделува тагата на братска Нигерија.
Терористичките напади во кои свирепо се убиваат невини лица и граѓани не може да се поистоветува со ниту една вера или цивилизација, рече претседателот Ердоган и подвлече дека без оглед на причините, никако не може да се оправда.
Овој ужасен напад, го потврдува ставот дека меѓународната заедница треба да преземе порешителен став во борбата против тероризмот како и неизбежната соработка која се налага на тоа поле.
Од друга страна пак, во соопштението објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) исто така остро беше осуден терористичкиот напад во Нигерија.
Во соопштението објавено од страна на МНР беше истакнато дека Турција искрено ја споделува тагата и жалоста на пријателскиот и братски народ на Нигерија и уште еднаш ја изразуваме нашата солидарност.


Тагови:

Слични вести