Давутоглу првпат претседаваше со состанокот на извршниот комитет

До 2030 година се планира да се нарачаат 100 здружени јуришни авиони

177745
Давутоглу првпат претседаваше со состанокот на извршниот комитет

Вчера премиерот Ахмет Давутоглу првпат претседаваше со состанокот на Извршниот комитет на одбранбената индустрија.

На состанокот што се одржа во Анкара беше усвоена одлука за премин кон етапата за прелиминарен технички дизајн на проектот за производство на првиот национален авион кој целосно ќе биде од домашно производство.
Премиерот Давутоглу рече дека прелиминарниот технички дизајн на проектот се предвидува да заврши најдоцна во рок од 4 години и до 2023 година да се постигне целта за производство на првиот прототип на домашен национален борбен авион.
Во врска со остварувањето на проект здружениот јуришен авион JSF, премиерот Давутоглу рече дека до 2030 година се планира да се нарачаат 100, потсетувајќи дека претходно беа нарачани 2, а сега усвоија одлука за порачка на уште 4.
Во врска со сериското производство на националната пушка МПТ 76, премиерот Давутоглу ја објави радосната вест и рече дека во првата етапа во заедничка соработка меѓу државниот и приватниот сектор се предвидува да се произведат 35 илјади пушки.
Во врска со тендерот на Воздушно-ракетниот одбранбен систем, премиерот Давутоглу рече дека беше усвоена одлука за продолжување на средбите и разговорите со компаниите за уште 6 месеци.
Во април ќе одржиме состанок со Високиот совет за координација во одбранбената индустрија, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести