Се врати подофицерот кој исчезна на турско-сириската граница

Подофицерот беше вратен благодарение на успешната операција на МИТ

173799
Се врати подофицерот кој исчезна на турско-сириската граница

Благодарение на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), подофицерот кој на 1 јануари вечерта беше на задача на турско-сириската граница и учествуваше во активностите против криумчарите, а беше прекината врската, донесен во Турција.

Подофицерот кој се наоѓаше на должност во караулата Килис Онџа, исчезна за време на задачата изминатата недела.
По објавувањето на соопштение од страна на Генералштабот, сите државни установи беа информирани и ангажирани и на чело со Национална разузнавачка служба (МИТ) беа водени многу пожртвувани и внимателни активности.
Радосната вест пристигна во вечерните часови од премиерот Ахмет Давутоглу.
Имено премиерот Давутоглу рпеку профилот на Твитер истакна дека подофицерот кој беше заробен, со успешна операција на приврзаниците на службата МИТ беше донесен во Турција.
Нека ни е со среќа враќањето на подофицерот, гласеше пораката на премиерот Давутоглу преку социјалните медиуми.


Тагови:

Слични вести